Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Разрешувањето на државниот обвинител Коцевски на пауза

/

пред 576 дена

Сподели преку :

Владата ја стопира постапката за разрешување на државниот обивнител Љупчо Коцевски за да му даде шанса на обвинителството целосно да се посвети на истрагата за трагедијата во Кочани.

„Во овој момент, имајќи ја предвид чувствителната ситуација во општеството, планираме таа постапка да ја застанеме таму каде што се наоѓа, затоа што цениме дека обвинителите кои што работат, посебно на случајот што се случи во Кочани, треба да работат и да сработат, да им дадеме шанса да сработат. Јас кога кажав дека сме задоволни, впрочем можев да видам дека постои една заедничка акција и работа меѓу МВР и Јавното обвинителство што резултираше со 34 обезбедени лица коишто имаат и најмал сомнеж за поврзаност со овој случај“, изјави премиерот Христијан Мицкоски. 

Мицкоски му порача на обвинителството и дека го охрабрува и за други случаи од минатото за кои јавноста е чувствителна, да констатира дали имало неправилности, дали правдата била селективна или не и за можноста повторно да ги преразгледа.

Постапката за смена на државниот обвинител сега е пред Советот на јавни обвинители, каде утре членовите на Советот треба да одлучуваат какво мислење ќе дадат за владиниот предлог за разрешување на Коцевски, позитивно или негативно.

Претседателката на советот, Душица Димитриевска во разговор за Tелма, рече дека седницата е закажана и засега не се официјално известени за запирање на постапката. Не сакаше да коментира дали ако не добијат допис од владата, седницата ќе се одржи или не.

Владата ја започна постапката за смена на државниот обвинител на 11 февруари. Во предлогот за разрешување стои дека Коцевски сторил крупни професионални грешки што довело до нарушување на ефикасноста и функционалноста на јавното обвинителство, неовластено изнесувал информации и податоци од судски предмети и го нарушил угледот на Јавното обвинителство и личниот углед. Коцевски одговори дека работел законски и не сторил крупна професионална грешка.

Изминатиот период, Коцевски често беше на мета на критики од власта, а пред сè од премиерот.

Елена Ивановска Мукоска