Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Референдум за регионална депонија во Битола на која 18 општини треба да одлагаат отпад

/

пред 591 дена

Сподели преку :

Да се спроведе референдум во Општина Битола, дали битолчани прифаќаат изградба на современ Центар за справување со отпад на територија на Општина Новаци, каде се предвидува ѓубрето да го  одлагаат 18 општини од Југозападниот регион. Ова го побараа дел од граѓаните кои присуствуваа на денешната вонредна седница на Советот, која ја свика претседателката Габриела Иливски по бурните реакции во јавноста, откако советот донесе одлука за формирање на комисија која ќе формира јавно претпријатие за упрваување со отпад.

Градоначалникот Тони Коњановски нема дилема дали ќе продолжиме да живееме со ѓубриште како што е нестандардната депонија „Мегленци“, која сериозно ја загадува животната средина или, пак, ќе се одлучиме за современ начин на справување со отпадот.

Проектот го спроведува министерството за животна средина, а за сите четири регионални депонии меѓу кои и оваа за Југозападниот регион, државата се задолжи со заем од Европската банка за обнова и развој. За пред јавноста да се презенитраат информациите околу изградбата на современ Центар за  управување со отпад, општината на седницата повика претставници на ресорното Министерство.

Во моментот, Министерството за животна средина подготвува тендерска документација за избор на изведувач што се очекува да заврши до 2025 година, а доколку навреме отпочнат работите   изградбата на Центарот за управување со отпад треба да заврши до крајот на 2027 година. Доколку се спроведе референдум и битолчани се „против“, овој центар нема да се изгради во Новаци во близина на РЕК, а Битола ќе остане со постоечката депонија која ги загадува воздухот, почвата и водите, кажаа од Министерството.

Емилија Мисирлиевски