Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реформирајте ја партијата и адаптирајте се на опозиција – Таравари со порака до Ахмети

/

пред 689 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство и лидер на Алијанса на Албанците (АА) денеска повторно му порача на лидерот на ДУИ, Али Ахмети повеќе да се фокусира на реформите во партијата и на адаптацијата во опозиција, отколку да бара избори.

На новинарско прашање околу предвремени избори идната година, министерот за здравство рече дека догодина секако ќе се одржат, но, локални избори.

„Ако имаме поширок консензус и се заинтересирани за парламентарни, тука сме за да зборуваме и за тоа. Но, пред пет-шест месеци завршија изборите. Така што, јас би му препорачал на господинот Ахмети повеќе да се фокусира во реформи во партијата и во адаптација во опозиција, отколку еднаш да бара избори. Оти ако се одржат повторно идната година, потоа повторно 2026 година пак ќе бара избори. Така да, ајде ние прво како Влада да ги реализираме проектите што се ветени. Дел од нив веќе се реализираат“, подвлече Таравари.