Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Регистрирани 38 пожари во последните 24 часа, активни само три – ЦУК со најнов пресек на состојбата со огнените стихии

/

пред 464 дена

Сподели преку :

Во текот на изминатото деноноќие се евидентирани вкупно 38 пожари од кои три активни, пет ставени под контрола и 30 изгаснати. Според најновиот извештај на Центарот за управување со кризи (ЦУК), активни пожари има во Општина Дојран – село Николиќ (нискостеблеста шума), Општина Велес – село Џидимирци (мешана шума) и Општина Македонски Брод – меѓу село Црешнево, село Крапа и село Локвица (деградирана дабова шума и грмушки).

Под контрола се пожарите во Македонски Брод – село Слатина (мешана шума), Македонски Брод – село Слатина, Слатински извори (нискостеблеста мешана шума), Чучер Сандево – село Блаце – село Горњани, м.в. Рамна шума (шумски пожар), Долнени 1 – село Црнилиште (депонија) и Долнени 2 – село Дебреште (депонија).

Изгаснати се пожарите во Чучер Сандево – црква Св. Тројца (ниска вегетација), Сопиште – село Света Петка (ниска вегетација), Ѓорче Петров – село Орман (ниска вегетација), Карпош – улица „Скупи“ (ѓубре), Битола – кај црква Св. Јован (ниска вегетација), Прилеп – село Бешиште, Бешишки Рид (мешана шума), Ресен – село Перово (овоштарник), Ресен – село Избиште (ниска вегетација), Демир Хисар – село Кутретино (ѓубре), Струмица – село Банско (ѓубре), Струмица – село Куклиш – село Муртино (депонија), Босилово – село Иловица (гранки), Босилово – село Старо Балдовци (ниска вегетација), Василево – село Владевци (гранки и ниска вегетација), Гевгелија – село Прдејци (вегетација, отпад, дрва), Радовиш – село Ињево (ниска вегетација), Македонски Брод – село Белица (нискостеблеста шума), Македонски Брод – село Рамне – село Ковче (пожар од фабрика Самоков), Велес – улица „Јордан Џурнов“ (ниска вегетација), Чашка – под Солунска Глава (само чад, шумски пожар), Кавадарци – улица „Црноречка“ (ниска вегетација), Свети Николе – село Делисинци (куќа и вегетација), Куманово – хотел „Куба“, Преовце (ниска вегетација), Куманово – село Лопате (крај пруга), Куманово – Умин Дол (стрниште и вегетација), Куманово – улица „Октомвриска револуција“ (вегетација и отпад), Старо Нагоричане – село Никуљане (мешана шума), Старо Нагоричане – село Руѓинце (ниска вегетација), Крива Паланка – м.в. Бегови Бавчи (ниска вегетација) и Теарце – село Непроштено (ниска вегетација).