Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Регулаторот потврди – простор во интерконекторот закупиле две бугарски фирми, но демантира дека тие се блиски на СДСМ и ДУИ

/

пред 1392 дена

Сподели преку :

Се погласните шпекулации дека, фирма од  Бугарија, блиска до СДСМ и фирма од Турција блиска до ДУИ сакаат да го преземат бизнисот со увоз и снабдување со гас од „Макпетрол“, за претседателот на Регулаторната комисија не се точни. Сепак, признава дека, две бугарски фирми веќе закупиле простор.

Министерот за економија, Крешник Бектеши во телевизиско гостување пак, не негираше дека се водат разговори со компании од овие држави за да конкурираат за увоз на гас.

Бислимовски потврди дека на овој пазар нема монопол, а големите потрошувачи веќе се снабдиле со потребните количини.

Премиерот потврди дека веќе има пријавено фирми за обезбедување и испорака на гас.

Компаниите кои се снабдуваат со гас, а немаат обезбедено замена за овој енергенс, стравуваат дека ќе треба да го запрат производството и да отпуштат работници.

Владата има осум дена да најде нов увозник на природен гас кој ќе го замени „Макпетрол“, откако оваа компанија соопшти дека нема да увезува и испорачува гас од 1 јануари следната година, бидејќи договорот со „Булгартрансгас“ за неа создава променети и неприфатливи услови за работа. Компанијата посочи дека државата нема донесено ниту подзаконски акти кои го регулираат прашањето.

Далиборка Демјанска Цветановска