Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

РЕК Битола повторно работи со само еден блок

/

пред 1380 дена

Сподели преку :

Нова Година, стари проблеми. Повторно дел од домашните енергетски капацитети или се целосно во аут, или пак работат со преполовен капацитет.

По Осломеј, од утринава не работи ниту Блок 1 во РЕК. Од ЕСМ соопштуваат дека поради скината цевка во котелот на постројката тој е исклучен од мрежа. За да се надополнат потребите од струја,  се црпи хидропотенцијалот, но и се набавува електрична енергија.

АД ЕСМ во моментот произведува со Блок 2 во РЕК Битола кој работи со зголемен интензитет, ТЕЦ Неготино со два котли со максимален капацитет, гасната електрана Енергетика и осумте хидроелектрани во рамите на хидросистемите Црн Дрим, Маврово, Треска и Тиквеш. Со ова производство целосно се задоволуваат потребите за електрична енергија за регулираниот пазар (домаќинства и мали потрошувачи), како и најголемиот дел од потребите за дополните снабдувања по посебни одлуки на Владата: електрична енергија за техничките загуби на ЕВН Електродистрибуција, МЕПСО, за училишта, прехранбена индустрија, водостопански комунални претпријатија, болници, витални државни институции итн. Овие снабдувања во текот на денешниот ден се дополнети со 1.000 MWh набавена електрична енергија, соопштија од есм.

Ако ЕСМ денеска не успееше да ја набави потребната струја, ќе требаше да ја надомести МЕПСО, директно од европската мрежа.

Осломеј пак веќе два дена не работи. Централата е исклучена од мрежа по пожарот кој минатата недела изби во депото за јаглен.

Пред Нова Година првиот човек на ЕСМ, Ковачевски соопшти дека во јануари ќе има можност сите три блока во РЕК да работат во исто време и да испорачуваат електрична енергија.  Трансформаторот за третиот блок по подолго време пристигна. Но, со ваквите чести проблеми  кои настануваат, се поставува прашањето дали и кога, конечно во оваа грејна сезона ќе профункционираат сите три блока, нешто што се најавува веќе подолго време. Пред крајот на минатата година се зголеми и бројот на објекти кои ЕСМ треба да ги снабдува со субвенционирана струја. Тука влегуваат училишта, фирми, но и водостопанства. За овие објекти лани постојано се набавуваше електирчна енергија.

За последната недела од декември пак државните електрани на три приватни фирми им плати речиси 800 илјади евра повеќе за набавената струја од цената која беше на слободниот пазар. Но, тогаш од ЕСМ соопштија дека не е предизвикана никаква финансиска штета. За компанијата податоците на референтната берза ХУПЕКС имала само информативен карактер.

Ирена Чачкова