Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реките надојдени, предупредувања за можни нови поплави

/

пред 276 дена

Сподели преку :

Одрони, свлечишта, излевања на реки, поплавени земјоделски површини. Дождот направи проблеми во делови од државата – во околината на Штип, Охрид, Струга, Ресен, а во Битолскиот се санираат штети. Но според најавите таму се можни и нови проблеми.

Дождот ги зголеми и водостоите на реките во Кочани. Од Општината тврдат дека екипи со механизација работат на канализирање на коритата.

Во Штип граѓаните сведочат за проблемите со кои се соочиле нивните соседи, а неисчистените корита ги посочија како главен виновник за настанатите поплави.

Од УХМР пак соопштија дека најголема опасност од излевање и заезерување има во југозападните и западните делови на земјата.

Зголемување на водостоите има во југозападниот дел на земјава на реката Коселска, Сатеска, Ресенска но и на останатите помали реки во регионот каде се можни излевања и појава на заезерување на водата. Можни се и локални излевања на реките и во Пелагониската Котлина и во делови на Битолско – Прилепскиот регион, пишува во соопштението на УХМР

Според, најавите на Управата очигледно е дека временските услови нема да се подобрат. Се најавува северен ветар, пониски температури, но и врнежи од снег на целата територија на државата.

Сите патни правци за сега се проодни пишува во известувањето на страницата на Македонија пат. Но, од претпријатието предупредуваат дека на одредени места можна е појава на одрони.

И од ЕВН за сега не регистрирале посериозни проблеми поради временските услови но и дека сосотјбата постојано се следи.

Ирена Чачкова