Едно лице е убиено, а две се ранети во пукање во една бродска компанија во населбата Глифада во Атина, објави грчката ТВ станица ЕРТ. Според првичните информации, напаѓачот е 70-годишен маж, поранешен вработен во фирмата, со потекло од Египет кој бил отпуштен.
Како што пишува грчка Прототема, извршителот на нападот од паркингот влегол во просториите на компанијата. При влегување рекол дека дошол да исчисти. Најпрво се качил на меѓуспрат каде пукал во две лица, а потоа се качил на втор спрат и пукал во уште едно лице, најверојатно жена.
На лице место се бројни полициски екипи и најмалку три возила на итната медицинска помош и во тек е акција за негово апсење.











