Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реконструирано хроничното одделение во Психијатриска болница Негорци

/

пред 183 дена

Сподели преку :

Министерот за здравство, Азир Алиу денеска ја посети Психијатриската болница Негорци – Гевгелија по повод извршена целосна реконструкција на хроничното одделение.

  • Здравствената инфраструктура е еден од столбовите на системот и затоа се залагаме за унапредување на инфраструктурата и подобри услови за лекување и третман на пациентите. Реконструкцијата во Психијатриската болница Негорци опфати целосна обнова на кровната конструкција, комплетно нови врати и прозорци, репарирање на изолациската фасада. Извршена е и целосна внатрешна реконструкција, реновирање на бањите и санитарните јазли, како и поставување соларни колектори и затоплување на вода со помош на обновливи извори на енергија. Со оваа инвестиција се овозможени поквалитетни услови за сместување на пациентите, истакна министерот Алиу при посетата.

Директорот на установата, Сашко Стојиловски посочи дека станува збор за објект со површина од 550 метри квадратни, а вкупната вредност на инвестицијата е над 16 милиони денари.

  • Овој проект чекаше за реализација околу седум години, а во изминатите години сите забелешки од меѓународни институции беа адресирани на условите од ова одделение. Заеднички со Министерството за здравство направивме напори за изработка на проектот и реализација, со што ги подигнавме на повисоко ниво стандардите за третман во нашата установа, рече Стојиловски.