Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Реконструкцијата на Владата во завршна фаза – викендот се очекува нов круг разговори

/

пред 101 дена

Сподели преку :

Разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ЗНАМ за владината реконструкција продолжуваат, откако и по последната средба не е постигнат конечен договор за сите кадровски решенија. Според најавите, нов круг преговори се очекува викендов, а предлогот за реконструкција би можел да биде доставен до Собранието на почетокот на следната недела. Спикерот Африм Гаши потврди дека засега нема официјален предлог од Владата.

Неофицијално, ВМРО-ДПМНЕ треба да ги преземе ресорите Здравство, Социјална работа и демографија и Евроинтеграции, додека коалицијата ВРЕДИ би ги добила Правда, Култура, Спорт и Односи меѓу заедниците. Се разгледуваат и дополнителни кадровски промени, при што неколку актуелни министри се споменуваат како можни замени или ротирања на други функции.

Доколку се реализираат најавените рокади, реконструкцијата ќе опфати најмалку седум до осум министерства, што според процедурите би значело избор на нов владин состав во пакет.

Во меѓувреме, Гаши информира дека во министерството за правда се одржуваат разговори за измените на Изборниот законик и за исполнување на дел од обврските од Реформската агенда до крајот на месецот.