Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рекордни брзини: „Безбеден град“ регистрира возило со над 231 км./ч.

/

пред 315 дена

Сподели преку :

Системот „Безбеден град“ забележа рекордни брзини на скопската обиколница, со автомобил што се движел 231 километар на час на првиот ден од пробниот период, на 1 декември. Во истиот ден беа регистрирани над 110.000 прекршоци, најголем дел за надминување на дозволената брзина, додека следниот ден бројот се преполови на околу 50.000.

Најмногу прекршоци за брзо возење се забележани на излезот од Скопје кон Тетово и на булеварот „Никола Карев“, додека системот испраќа опомени и до граѓани кои возеле само неколку километри над ограничувањето, што предизвика дискусии на социјалните мрежи за праг на толеранција и сообраќајна сигнализација.

Претходно, министерот Панче Тошковски призна слабости во системот, посочувајќи дека дел од опомените не стигнале до вистинските возачи, и најави можност за продолжување на тест периодот.