Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Републиканците освоија мнозинство во Претставничкиот дом, демократите ја задржаа контролата врз Сенатот

/

пред 1418 дена

Сподели преку :

Републиканците освоија мнозинство во Претставничкиот дом, со што е подготвен терен за двегодишна поделба на власта во американскиот Конгрес, со оглед дека демократите на претседателот Џо Бајден ја задржаа контролата во Сенатот.

Благодарение на мнозинството во Претставничкиот дом, Републиканците ќе можат да го спречат Бајден во спроведување на неговата политичка агенда и да иницираат потенцијално штетни политички истраги против неговата администрација и семејство, пренесува Н1.

Тесната победа на републиканците, сепак, е далеку од „црвниот бран“ на кој се надеваше и очекуваше партијата. На меѓународен план, републиканците би можеле да се обидат да ја намалат американската воена и економска помош за Украина во нејзината војна против Русија.