Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Републиканците и демократите со договор во сенатот – завршува најдолгата блокада на буџетот во историјата на САД

/

пред 339 дена

Сподели преку :

Американските сенатори постигнаа привремен договор за ставање крај на парализата на буџетот што блокираше дел од јавните услуги рекордни 40 дена, пренесуваат медиумите во САД. Републиканците и демократите во Сенатот се согласија да го деблокираат финансирањето на владата до јануари, јавија „Си-Ен-Ен“ и „Фокс Њуз“.

Мерката веднаш беше ставена на гласање и беше поддржана од доволен број на демократи, по што текстот ќе биде проследен до Претставничкиот дом. Доколку и Претставничкиот дом ја прифати, предлогот ќе биде испратен до Доналд Трамп за негов потпис.

Овој чекор води кон нормализација на ситуацијата, со оглед на тоа што функционирањето на воздушниот сообраќај и исплатите на социјална помош во моментот се нарушени, а стотици илјади вработени се на технички штрајк или работат без плата од 1 октомври.

„Може да кажеме дека се приближуваме кон крајот на блокадата на владата“, изјави претседателот Доналд Трамп.

Според пратениците, договорот треба да овозможи продолжување на исплатата на социјална помош за 42 милиони Американци која беше прекината поради блокадата на буџетот, враќање на работа на илјадници владини службеници и исплата на плати, како и гласање за продолжување на програмата за здравствено осигурување што истекува на крајот од оваа година.

Поради парализата на буџетот што влијаеше врз контролата на воздушниот сообраќај, вчера во САД беа откажани над 2.700 летови, а 10.000 беа одложени, соопшти FlightAware.