Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ревизија на политичките партии за 2024- се сомневаат во финансиските извештаи на ВМРО – ДПМНЕ, СДСМ и ДУИ

/

пред 229 дена

Сподели преку :

Државниот завод за ревизија изврши контрола на финансиските извештаи на политичките партии за 2024 година, со ревизија на сметките за редовно работење и усогласеност со законската регулатива.

Кај ВМРО‑ДПМНЕ, Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и Демократската унија за интеграција, ревизорите изразија мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи.

Главните забелешки се однесуваат на структурата на приходи и расходи, неизмирени обврски кон добавувачи, неправилно водење на сметководството и уплата на членарина над законскиот лимит.

Некои препораки од минатите ревизии се уште се во процес на спроведување, поради судски постапки или нерешен сопственички статус на имот.

Државниот завод за ревизија повторно апелира до надлежните органи за подобрување на законската регулатива, вклучително појасни правила за финансирање на изборни кампањи, евиденција на членарини и сметководство на непрофитни организации.

Б.С.