Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ревизијата утврди неправилности во работењето на Општина Свети Николе -бесправно изградени објекти, неостварување приходи од комунална такса

/

пред 307 дена

Сподели преку :

Државниот завод за ревизија утврди низа неправилности во работењето на Општина Свети Николе, вклучувајќи неевидентирано земјиште, бесправно изградени објекти и непостапување за наплата на комунални такси.

Исто така, општината остварувала приходи од сместување во Детското одморалиште во Стар Дојран без потребни согласности, а детската градинка „Рахилка Гонева“ во село Ерџелија не е функционална.

Ревизорите наведуваат дека распределбата на буџетските средства е несоодветна – 89% се дадени на спортски клубови и здруженија, а само 11% на спортски манифестации, додека културните и НВО програмите се спроведуваат без јавни повици и критериуми.

Исто така, нередовно се евидентираат инвестициите, материјалите и побарувањата на општината, а ненаплатените побарувања изнесуваат над 1 милион евра.

Покрај тоа, општината не обезбедила законска постапка за легализација на бесправно изградени објекти, не наплатува комунални такси за користење јавен простор и музика во локали, и нема воспоставено зелен катастар и годишна програма за одржување на зеленилото.