Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Резников: Авионите Ф-16 ќе бидат распоредени против Русија до пролет

/

пред 1154 дена

Сподели преку :

Украина очекува борбените авиони Ф-16, што треба да и ги испорачаат сојузниците, да бидат оперативни и распоредени против Русија до следната пролет, изјави украинскиот министер за одбрана Олексиј Резников.

Во интервју за украинската државна новинска агенција Укринформ, Резников рече дека пилотите мора да бидат обучени за авионите, а треба да се подготват и инфраструктура, објекти и експерти за нивно одржување, пренесува ДПА.

Затоа, најверојатно ќе треба да се почека до пролет пред авионите да бидат распоредени на линијата на фронтот.

Резников вели дека морал да напише неколку писма со уверување дека авионите ќе се користат само за одбранбени цели, а не на руска територија.

Тој посочи и дека Украина добила околу 100 милијарди долари воена помош од почетокот на руската инвазија во февруари минатата година, во најголем дел муниција и воена опрема.

Холандија, Данска, Норвешка и други земји досега и ветија на Украина најмалку 50 авиони Ф-16, а веќе се обучуваат и украински пилоти.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски неодамна кажа дека на Украина да и се потребни 160 авиони Ф-16 за да го врати суверенитетот над нејзиниот воздушен простор.

Русија предупреди дека испраќањето авиони во Украина ќе доведе до дополнително ескалирање на конфликтот.