На пленарната седница денеска би можело да се очекува на дневен ред да биде ставен и предлогот Ацо Ристов да биде избран за претседател на Регулаторната комисија за енергетика по оставката на досегашниот претседател Марко Бислимоски.
За неговата кандидатура седум членови гласаа за од комисијата за именувања, а двајца против. Ристов е дипломиран електроинженер и поранешен градоначалник на Радовиш од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во периодот од 2021 до 2025 година.
Неговата сопруга Данка Ристова е членка на Судскиот совет. Ристов пред кандидатурата ја отстапи неговата компанија за проектирање и изградба на мали хидроцентрали. Кандидатурата на неговиот противкандидат Шамил Реџепи беше отфрлена поради непотполна документација.











