Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Ризик од појава на птичји грип спречи увоз на 26 тони замрзнато пилешко месо од Бразил – пратката е вратена кај извозникот

/

пред 308 дена

Сподели преку :

На граничниот премин Ќафасан е спречен увоз на повеќе од 26 тони замрзнато пилешко месо. Инспектори од Агенцијата за храна и ветеринарство утврдиле дека пратката не ги исполнува условите за влез во државата, бидејќи месото потекнува од Бразил, земја за која е воведена забрана поради ризик од појава на птичји грип. Поради ова, увозот не бил дозволен, а пратката била вратена назад во земјата од каде што била испратена.

„Забраната за увоз е изречена бидејќи пратката била во спротивност со донесеното решение за забрана на увоз на живи животни, производи и нуспроизводи од животинско потекло од Бразил заради заштита од внесување на вирусот на високо патогена авијарна инфлуенса (птичји грип) според кое, забранет е увозот на пратки кои се добиени од животни кои се заклани, натоварени и сертифицирани пред август 2025 година“, соопштија од Агенција за храна и ветеринарство.

Освен забраната за увоз на бразилско месо, во ноември Агенцијата за храна и ветеринарство реализираше повеќе интервенции со кои беше спречен внес на небезбедна храна. По пријава, во Чучер-Сандево беа запленети над 2,5 тони јаткасти плодови без потекло и документација, а неколку дена подоцна беа уништени и околу 37 тони храна со поминат рок на употреба.

Тамара Марковска