Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Роберт Де Ниро ја поддржа својата ќерка Ајрин, откако таа се изјасни како трансродова жена

/

пред 520 дена

Сподели преку :

Холивудската ѕвезда Роберт Де Ниро изјави дека ја поддржува својата ќерка Ајрин, откако таа се изјасни како трансродова жена. Во неодамнешно интервју за ЛГБТК+ изданието „Тем“, Ајрин Де Ниро зборуваше за „влегувањето во овој нов идентитет“.

Познатиот татко на Ајрин изјави за „Варајети“: „Го сакав и го поддржував Арон како мој син, а сега ја сакам и ја поддржувам Ајрин како моја ќерка. „Не знам што е големата работа“, додаде тој. „Ги сакам сите мои деца“.

Дваесет и девет годишната ќерката на актерот од познатиот филм „Годфелас“, Според Ајрин  „постои разлика помеѓу тоа да бидеш видлива и да бидеш видена“. Таа додаде дека „Бев видлива, но не мислам дека сум видена сè уште“.

Ајрин, ќерка на Де Ниро и Туки Смит, исто така се изјасни дека актерката Лаверн Кокс била инспирација и дека сега се надева дека ќе помогне да се прошири транс видливоста и да им оддаде почит на своите квир предци.

„Транс жените се искрени и отворени, особено на јавните простори како што се социјалните медиуми“, вели Ајрин и додава дека „Можеби не е предоцна за мене.“