Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Род Стјуарт беше исвиркан на концерт во Германија поради поддршка на Украина: „Путин мора да престане“

/

пред 837 дена

Сподели преку :

Легендарниот пејач Род Стјуарт отворено зборува против руската инвазија на Украина – но публиката на неговиот концерт во Германија минатата недела не сакаше да го слушне тоа.

Како што пишува „Еуроњуз“, Род Стјуарт бил исвиркан од толпата на концертот во Лајпциг одржан во петокот, кога ја изразил својата поддршка за Украина.

Исвиркувањето  започнало кога британскиот поп пејач го поздрави украинскиот претседател Володимир Зеленски, со слики од украинското знаме, уништување во Украина, песна посветена на Киев  и самиот Зеленски што се појави на екранот зад Стјуарт.

„Скај њуз“ наведува дека 79-годишниот пејач бил пречекан со гласни извици и свирежи од публиката во арената „Картербек Имобилиен“ во Лајпциг пред да ја изведе песната , која ја нарекува воена песна и  му ја посветува на Киев на неговите настапи .