Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Род Стјуарт: Нетанјаху им прави на Палестинците она што им се случи на Евреите во минатото, не знам како спијат Израелците

/

пред 486 дена

Сподели преку :

Музичарот Род Стјуарт го обвини израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху дека се обидува да го уништи палестинскиот народ, тврдејќи дека „на Палестинците им го прави она што им се случи на Евреите во минатото“.

Поп ѕвездата, која во 2017 година настапи во Тел Авив и покрај апелите за бојкот на Израел, рече дека целта на Нетанјаху е уништување на Палестинците, пишува британски Телеграф.

Во интервју за Радио Тајмс, 80-годишниот музичар порача дека „некој мора нешто да стори“.

„Она што Нетанјаху го прави на Палестинците е токму она што им се случи на Евреите. Тоа е уништување и тоа е се што сака, да се ослободи од сите нив. Не знам како спијат Израелците“, рече Стјуарт.

Поради политиката на оружје кон Израел, Стјуарт рече дека повеќе не сака да биде пријател до американскиот прертседател Доналд Трамп.

„Сè додека им продава оружје на Израелците, не можам да бидам негов пријател. Како таа војна некогаш ќе престане“, нагласи музичарот и додаде дека „многу добро го познавал“, бил чест гостинна неговите Божикни забави, но откако станал претседател „се променил во човек кого не го препознава“.