Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Родители од повеќе одделенија од „Димо Хаџи Димов“ нема да ги пуштат своите деца утре во училиште

/

пред 323 дена

Сподели преку :

Родители на едно од петтите одделенија во училиштето „Димо Хаџи Димов“ во Влае најавија дека утре нема да ги пуштат децата во училиште додека не излезат заклучоците од вонредната седница на советот на родители закажана за утре.

Тие бараат од раководството на училиштето да се утврди причината и изворот на заразата.

Бараат потврда дека е направена дезинфекција по утврдувањето на причинителот на заразата.

Повторна контрола од институтот за јавно здравје за да може децата безбедно да продолжат да одат на настава. Подигнување на хигиената на задоволително ниво и редовно следење на хигиена во училиштето од советот на родители.

Претходно, Институтот за јавно здравје соопшти дека е најдена бактерија на чешмите и во мусаката во ова училиште и норовирус кај шест деца, а резултатите од испитувањата на другите училишта во општина Карпош се очекуваат утре.