Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Родителите на загинатите деца во „Пулс“ утрово пред Судска медицина чекаат одговори

/

пред 180 дена

Сподели преку :

Утрово пред Судска медицина пристигнаа  родители на загинатите деца од Кочани и бараат  средба со директорот.

Според родителите институциите повеќе од една година не даваат одговори за причините за смртта на жртвите, и покрај бројните барања и официјални дописи.

–Побаравме јасен и недвосмислен одговор – дали биле извршени токсиколошки анализи, дали било испитувано присуство на цијаниди и што точно покажуваат анализите. Поминаа два месеци од барањето – одговор нема, рече на последниот протест Александар Наунов, татко на загинатата Надица во трагедијата „Пулс“ Наунов.

Родителите бараат одговори на прашањата: Дали се земени биолошки примероци, што точно е анализирано и дали воопшто постојат токсиколошки резултати.

Родителите апелираат дека нема да си одат од пред Судска медицина, додека не ги добијат одговорите.