Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Родителите на загинатите од „Пулс“ бараат враќање на обвинителката Трајчева

/

пред 170 дена

Сподели преку :

Советот на јавни обвинители денеска го разгледал барањето на Здружението на граѓани „16 Март 2025 – Кочани “  за преиспитување на одлуката да не и биде продолжен мандатот на обвинителката Ивана Трајчева која ја водеше истрагата за полициските службеници, поврзани со трагедијата во дискотеката „Пулс“ или да се обезбеди нејзино понатамошно вклучување во предметот.

Претставници на дел од оштетените и семејствата притоа изразиле сериозна загриженост  за одлуката на Советот да не биде продолжен мандатот на Трајчева во Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција.

Советот донесе одлука поднесокот да биде препратен до Јавното обвинителство на РСМ, бидејќи не се надлжни да ги преиспитуваат своите одлуки. Три обвиненија беа поднесени за полициските служебници и беа назначени други обвинители кои сега ги водат предметите.