Родителите имаат право да бараат oдговори, изјави министерот за внатрешни работи Панче Тошковски на прашањето за одговорноста на полицијата за пожарот во дискотеката Пулс во Кочани.
Институциите се должни да ги дадат тие одговори и Тошковски верува дека обвинителството ќе ги даде одговорите на сите прашања од страна на родителите и јавноста.
Министерот рече дека одредени лица се обидувале да манипулираат со македонскиот народ и со родителите и семејствата на загинатите во пожарот.











