Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Родителите негираат дека му го дале возилото на Јованов со кое ја прегази Фросина

/

пред 622 дена

Сподели преку :

На денешната прес-конференција на адвокатот на Васил Јованов, осомничениот кој ја прегази Фросина Кулакова на улицата „Партизанска“, се појавија и родителите на возачот. Тие категорично негираа дека му го дале возилото на своето дете.

Дукоски, адвокатот на Јованов нагласи дека многу невистини се споделуваат во јавноста, што доведува до повици за линч на Јованов, наместо случајот да биде решен преку правниот систем и владеењето на законите. Тој додаде дека се прави обид за воспоставување на принцип „око за око“, кој не води никаде, и апелираше јавноста да се воздржи од неосновани обвиненија и шпекулации.

„Низа т.н. експерти се знаат за постапката, а таа не трае ниту една недела. Вчера беа донесени првите наредби за вештачење, но јавноста беше индоктринирана со нерални и неточни изјави кои доведуваат до јавен гнев и повици за линч на Васил Јованов. Ова не е обид за намалување на тоа што се случило, но потребна е судска постапка, а не со правдата на улицата и протестите“, изјави Дукоски.