Родителите на децата кои трагично ги загубија животите во пожарот во Кочани во март, поставија ултиматум до правосудните институции – рок до 3 октомври за одговори.
Доколку институциите не постапат и не обезбедат конкретни информации за истрагата, родителите најавуваат дека мирните маршеви ќе бидат заменети со масовни протести и блокади низ целата држава.
„Бараме правда. Доста беше молк. Ако и по 3 октомври нема ништо, излегуваме на улица – овојпат не во тишина“, порачаа родителите.











