Роднините на израелските заложници кои беа однесени во Газа и заробени од милитантите на Хамас ја повикаа израелската влада да се сретне со нив.
Револтирани се што никој ништо не им кажува за нивните најблиски додека израелската армија ја проширува копнената операција.
Семејставата на заложниците се собраа на плоштадот во Тел Авив и му порачаа на премиерот Нетанјаху дека ако не добијат информации во текот на денот, протестот ќе го ескалираат.











