Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„Ројтерс“: Унгарија може да биде домаќин на состанок меѓу Путин и Зеленски

/

пред 418 дена

Сподели преку :

Висок претставник во американската администрација изјави дека најавениот состанок меѓу претседателите на Русија и на Украина, Владимир Путин и Володимир Зеленски би можел да се одржи во Унгарија, пренесува „Ројтерс“.

Трамп вчера за време на состанокот со Зеленски рекол дека САД ќе помогнат во гарантирање на безбедноста на Украина во било кој договор за завршување на руската војна, како и дека притоа ќе бидат вклучени и европските партнери.

Двајцата лидери изразија надеж дека ќе дојде и до трилатерален состанок со Путин, а Трамп на социјалните мрежи објави дека веќе почнал да организира средба меѓу претседателите на Русија и на Украина по која би следувала и трилатерала.

Американскиот претседател им посочи на европските лидери дека таков редослед на настаните предложил Путин, иако Кремљ засега нема јавно објавена согласност.

Балаж Орбан, советникот на унгарскиот премиер Виктор Орбан, порача дека официјална Будимпешта е подготвена да даде секаква помош за олеснување до мировно решение преку преговори. Тој на социјалните мрежи напиша унгарскиот став останува непроменет, а тој е ако двете страни се подготвени да ги приближат своите позиции.