Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рокас: Уставните измени се клучни за напредок кон ЕУ

/

пред 121 дена

Сподели преку :

Евроамбасадорот Михалис Рокас порача дека обврските преземени во 2022 година, вклучително и уставните измени, треба да бидат спроведени за Македонија да го продолжи патот кон отворање на преговорите со Европската Унија.

Тој нагласи дека ЕУ останува силно посветена на европската перспектива на земјата. Говорејќи на конференцијата КОСАП во Скопје, Рокас истакна дека нема сомнеж оти земјава припаѓа на европското семејство и изрази надеж дека соседните земји и Европската Унија ќе покажат конструктивност во наредниот период за надминување на преостанатите предизвици.

Рокас оцени дека регионалната соработка и заедничкиот регионален пазар се важни за подготовка на земјите од Западен Балкан за интеграција во единствениот европски пазар, нагласувајќи дека процесот на проширување останува клучен за стабилноста и просперитетот на регионот.