Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

„РТС“ четврт ден под студентска блокада

/

пред 549 дена

Сподели преку :

Повеќе од 80 часа трае студентската блокада на објекти на Радио-телевизија Србија во Белград.

Таа започна на 14 април во 22 часот и од тогаш блокирани се објекти на јавиот дифузер во центарот на Белград на улицата Таковска, и на Кошутњак.

Според најавите на студентите, блокадата ќе трае се додека не се распише нов конкурс за членови на Советот на Регулаторното тело за електронски медиуми или додека не се прекине емитувањето програма од РТС.

Пред централниот објект на РТС во центарот на Белград студенти во блоакда и граѓани со свирчиња и вувузели изразуваа незадоволство од работата на Јавниот сервис.

Програмската шема на РТС се емитува отежнато, уредништвото веќе неколкупати повика на прекин на блокадата.

Студентите во блокада синоќа најавија дека Велигден ќе го дочекаат пред Радио и телевизија на Србија и ги повикаа граѓаните да им се придружат во намерата.