Знамиња долж улиците и булеварите, портрети во раце, почесна гарда, на асфалтот коњица, во воздух балони. Севернокорејскиот претседател Ким Јонг Ун распосла црвен тепих и приреди спектакуларен дочек на неговиот руски колега Владимир Путин кој допатува во прва официјална посета на Пјонгјонг по пауза од 24 години. Првиот ден од посетата падна и потпис на првиот договор меѓу двајцата претседатели. Насловен е како договор за „сеопфатно стратешко партнерство“ за кој и Путин и Јонг Ун нагласија дека новиот документ е во склад со основните принципи на меѓународното право и нема да биде насочен против било која држава.
Севернокорејкиот лидер најави целосна поддршка за руската инвазија во Украина. Но, и проширување на економската и воена соработка меѓу двете земји, во обид да покажат сплотеност на фронтот со Вашингтон.
Путин се заблагодари за конзистентната и непроменлива поддршка на руската политика, вклучително и во насока на Украина. Истакна дека особено го цени силното пријателство и блиските односи меѓу Русија и Северна Кореја. Покрај договорот за стратешко партнерство, најави и други во неколку важни области, бидејќи, како што рече, наспроти себе имаат ист ривал.
Путин пристигна во Пјонгјанг со намера да демонстира уште потесна соработка со севернокорејскиот лидер за надминување на санкциите на САД во услови на засилени конфронтации со Вашингтон. Посетата доаѓа и во време на зголемена загриженост за договор за вооружување во кој Пјонгјанг и обезбедува на Москва муниција за воената операција во Украина во замена за економска помош и трансфер на технологија. По Северна Кореја, Владимир Путин ќе остане на азиско тло, а, според најавите, негова следна дестинација во четврток ќе биде Виетнам.
Сашко Димовски











