Русија распореди воени бродови за да го придружуваат нафтениот танкер „Маринера“, кој е следен од американските сили во Атлантикот, јавуваат американски медиуми.
Танкерот, кој моментално не превезува товар, претходно транспортирал венецуелска нафта и неодамна го сменил името и знамето, префрлајќи се под руска регистрација.
САД се обиделе да го запленат бродот минатиот месец поради наводно кршење на санкциите и транспорт на иранска нафта. Американските власти не ја исклучуваат можноста за операција за негово преземање, додека Русија соопшти дека ситуацијата ја следи „со загриженост“ и дека бродот плови во согласност со меѓународното право.
Русија обвини дека танкерот е изложен на „непропорционално внимание“ од САД и НАТО, повикувајќи се на принципот на слобода на пловидба.











