Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија ја зазеде Авдиивка се водат битки за последните позиции во фабричкиот комплекс за кокс

/

пред 979 дена

Сподели преку :

Голем дел од територијата на Авдиивка веќе е во рацете на руските сили. Информацијата ја потврдуваат и многубројните видеоматеријали кои кружат на руските социјални мрежи, а на кои се гледаат развиорени руски знамиња на административната зграда во Авдиивка во источна Украина.

Пред два дена врховниот командант, Володимир Зеленски, најави дека украинската војска почнала со повлекување од нивните позиции во градот со цел да се спасат човечки животи но и да се спречи нивно опкружување и да паднат заробени во рацете на руските војници.

Според информациите на терен евакуацијата се спроведува брзо и без соодветна организација, а дел од ранетите и тешко повредени се оставаат на нивните позиции. Русите веќе објавија и видео изјави на дел од нив кои сега се во нивно заробеништво.

Единиците на групата војници под команда на генерал полковник Андреј Мордвичев презеде целосна контрола врз градот Авдиивка на Доњецката Народна Република, кој беше моќен одбранбен центар на украинските вооружени сили. Како резултат на офанзивните дејствија, површина од околу 32 квадратни километри беше ослободена од украинските националисти, соопшти портпарол на руското Министерство за одбрана, Игор Конашенков.

Битката за Авдиивка трае уште од 2014 година но се интензивираше во последниве 8 месеци кога руските сили отпочнаа со опколување на градот. Украинците даваа жесток отпор и зададоа силен удар на противникот но соочени со недостаток на муниција приморани се да ги напуштат своите одбрамбени точки и да се повлечат на „поповолни позиции“. Кризата со недостаток на оружје отпочна откако дел од конгресмените во САД ја блокираа во Конгресот новата транша помош што пак директно влијаеше врз способноста на Украина да се брани.

Фунментално, ограничувачките фактори за aмериканската помош за Украина, не се парите, туку муницијата. Америка, а тоа е вистината и за Европа исто така, не правиме доволно муниција за поддршка на војна во источна Европа, војна на Блискиот исток и потенцијално непредвидени ситуации во Источна Азија. Тоа значи дека САД се фундаментално ограничени, смета Сенаторот од Охајо Џ. Д. Венс.

Американскиот претседател Џо Бајден вели дека е убеден оти Конгресот на крајот ќе одобри дополнително финансирање за Украина додека сојузниците на НАТО во Европа се борат да ја пополнат празнината.

Разговарав со Зеленски попладнево. Му кажав дека сум убеден дека ќе ги добиеме тие пари за да ја спречиме неговата земја да биде прегазена од Русија. Знаете, има толку многу во игра. Гледав телевизија пред некоја вечер и еден од другите републикански кандидати рече дека никогаш не сум му објаснил на американскиот народ зошто НАТО е толку важен. НАТО е критичен за нашиот опстанок, вели американскиот претседател Џо Бајден.

Покрај снабдувањето со муниција Западот спроведува и низа санкции кон Русија со кои очекува да ја ослабне руската економија со цел да се намали способноста односно парите на Путин тој да војува со соседната земја. Но тој вели дека таквите санкции немаат никакво влијание врз руската економија.

Колку помалку зависиме од енергијата, толку подобро, бидејќи нашиот неенергетски дел од економијата расте со многу побрзо темпо од порано. Секогаш е така – кога е лесно да се дојде до пари, тогаш стануваш зависник, кога треба да размислиш, тогаш излегуваат други механизми. И тие навистина почнаа да работат за нас. Нека решат сами. Ако им треба нека земат, ако не, ќе бидеме добро, тврди рускиот претседател Владимир Путин.

За освојувањето на градот Авдиивка путин вели дека тоа е „важна победа“ за земјата. Напредокот кон Авдиивка е најголемиот успех на Москва откако лани во мај го зазеде Бахмут, а доаѓа на само неколку месеци пред претседателските избори во Русија на кои се очекува Путин да добие нов мандат.

Александар Петрески