Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Русија отфрла можност за замрзнување на конфликтот со Украина

/

пред 692 дена

Сподели преку :

Русија категорично ги отфрла сите предлози за замрзнување на конфликтот во Украина, изјави Сергеј Наришкин, директор на Руската служба за надворешно разузнавање.

Toј во изјавата, дадена по 20-тиот состанок на безбедносните агенции на независните земји-членки на Заедницата на независни држави, нагласи дека Русија не ги поддржува опции за замрзнување на конфликтот, како што е примерот со Кореја.

Истакна дека разговорите за замрзнување на конфликтот се водат затоа што, според него, стратешката иницијатива на бојното поле е на страната на Русија.

Наришкин објасни дека западните земји доживуваат неуспехи во конфликтот, но и дека Русија очекува дека тие ќе продолжат да се обидуваат да создадат хаос во и околу земјите на Заедницата на независни држави и Руската Федерација.