Руските власти распишаа потерница по естонската премиерка Каја Калас. Калас се товари за „кривичен случај“, пишува денеска во соопштение на веб-страницата на руското Министерство за внатрешни работи, без да се прецизира за како дело или прекршок станува збор.
Потерница е распишана и по државниот секретар на Естонија, Таимар Петеркоп и литванскиот министер за култура, Симонас Кајрис.
Распишувањето потерници ги зголемува тензиите меѓу Русија и балтичките земји по нападот на Кремљ врз Украина.











