Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руска ракета погоди воен полигон во Украина, има повеќе загинати и повредени

/

пред 595 дена

Сподели преку :

Повеќе лица загинаа кога руска ракета погоди воен полигон во Украина, на повеќе од 100 километри од линијата на фронтот, соопштија денеска украински воени претставници.

„Нападот во саботата ги погоди припадниците на единиците на воениот полигон во областа Дњепропетровск“, изјави главниот командант на украинските сили, Олександр Сирски.

„Како резултат на нападот на балистичка ракета ‘Искандер-М’ со фрагментирана муниција, има мртви и повредени“, додаде Сирски.

Официјални податоци за бројот на жртви не се објавени.