Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руската новинарка Овсјаникова осудена во отсуство на 8,5 години заради натписот: „Стоп за војната. Не верувајте во пропагандата. Ве лажат“

/

пред 1095 дена

Сподели преку :

Руската новинарка Марина Овсјаникова, која на државната телевизија се спротистави  на офанзивата врз Украина на државната телевизија, денеска е осудена во отсуство на осум и пол години затвор поради критикување на армијата.

Новинарката која побегна од Русија пред една година обвинета е за „ширење лажни информации“ за руските вооружени сили, а веќе беше осуден на парична казна во август 2022 година за слични дела.

Според руската агенција Риа Новости, таа овој пат е осудена затоа што демонстрирала со плакат против руската офанзива во Украина.

Овсијаникова стана глобално позната кога во март минатата година упадна за време на директен пренос на информативната програма Време, држејќи натпис зад водителката на кој пишуваше: „Стоп за војната. Не верувајте во пропагандата. Ве лажат“. Таа, исто така, скандираше „Стоп за војната“.

Во моментот на протестот таа беше продуцент на државната телевизија каде и протестираше. Кон средината на јули минатата година, таа одржа протест во близина на Кремљ, каде го носеше транспарентот „Путин е убиец. Неговите војници се фашисти“, по што беше ставена во домашен притвор. Таа набрзо побегна од Русија со својата ќерка.

Уредникчка на телевизијата на Путин упадна во емисија: „Русите ги претворивме во зомби“