Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руски дезертер убиен во Шпанија

/

пред 977 дена

Сподели преку :

Рускиот пилот на хеликоптер, кој пребега во Украина пред околу шест месеци, е пронајден застрелан во Шпанија, изјави вчера портпаролот на украинското воено разузнавање, Андриј Јусов.

Тој не даде повеќе детали за околностите околу смртта на пилотот.

Според украинските медиуми, пилотот Максим Кузминов живеел со својата девојка во Шпанија, кога бил убиен.

Шпанските власти сè уште не го коментирале случајот.

Пилотот Кузминов полета од Русија за Украина во август минатата година со воен хеликоптер Ми-8 со полна борбена опрема. По слетувањето на украинскиот аеродром, двајцата други членови на екипажот се обиделе да побегнат, но биле застрелани, изјави неименуван украински извор.

Кузминов добил речиси 496.000 долари од украинското разузнавање за неговиот пребег и предавањето на рускиот хеликоптер на украинската армија.

Руската државна телевизија есента објави дека руските специјални служби добиле наредба да го убијат Кузминов, кој за Москва е предавник.

Украина објави максимална награда од 990.000 долари за руските дезертери кои ќе се предадат заедно со борбени авиони.