Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руски дрон удри во зграда во Романија

/

пред 128 дена

Сподели преку :

Руски дрон удри во станбена зграда во романскиот град Галац во близина на границата со Украина, при што избувнал пожар и биле повредени две лица. Инцидентот се случил за време на нов бран руски напади врз украинските пристаништа на Дунав.

Романските власти соопштија дека експлозивниот товар на дронот целосно детонирал при ударот на покривот од зградата.

Околу 70 жители биле евакуирани додека пожарникарите го гаснеле пожарот на 10-тиот кат. Според Министерството за одбрана на Романија, два авиони Ф-16 биле подигнати откако дронот бил детектиран во романскиот воздушен простор.

Ова е првпат во текот на војната во Украина да има повредени цивили во Романија од руски дрон.

Романското Министерство за надворешни работи го оцени инцидентот како „сериозна и неодговорна ескалација“ од страна на Русија и побарало од НАТО забрзување на испораката на системи за заштита од дронови.

Од почетокот на војната во Украина, романските власти регистрирале десетици случаи на паднати руски дронови и нивни остатоци на територијата на земјата.