Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Рускиот министер за транспорт пронајден мртов во својот автомобил откако беше разрешен од Путин – се тврди дека извршил самоубиство

/

пред 468 дена

Сподели преку :

Поранешниот руски министер за транспорт беше пронајден мртов денеска, неколку часа откако беше разрешен од Претседателот Владимир Путин, во инцидент кој властите го опишуваат како очигледно самоубиство.

53-годишниот Роман Старовојт, ја вршеше функцијата министер за транспорт на Русија од мај 2024-тата година и беше отпуштен утринава со претседателски декрет, кој не содржеше информација за причините на неговото разрешување.

Неколку часа подоцна, рускиот истражен комитет, главната агенција за борба против криминалот во Русија, соопшти дека безживотното тело на Старовојт било пронајдено во неговиот автомобил со рана од огнено оружје во главата.

Започнала истрага за неговата смрт, а според портпаролот на истражниот комитет, Светлана Петренко, најверојатна причина е самоубиство.

Во руските медиуми беше објавено дека разрешувањето на Старовојт би можело да е поврзано со истрагата за проневерата на државните фондови наменети за изградба на фортификации во регионот на Курск, каде тој бил гувернер пред да биде именуван за член на кабинетот.

Наводната проневера на државни пари беше наведена како една од причините за недостатоците во руските одбранбени линии кои не успеаја да ги запрат украинските сили да навлезат во регионот на Курск во август 2024-тата година.

Разрешувањето на Старовојт следува по викендот исполнет со сообраќаен хаос, откако руските аеродроми беа принудени да приземјат стотици летови заради украинските напади со дронови.