Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Руските власти ќе го задржат телото на Навални уште 14 дена

/

пред 978 дена

Сподели преку :

Руските власти ќе го задржат телото на покојниот опозициски лидер Алексеј Навални уште 14 дена, соопшти неговата портпаролка за германската новинска агенција ДПА.

„Истражителите им кажаа на адвокатите на Навални и неговата мајка дека нема да им го предадат телото. Телото ќе биде под некој вид на „хемиско испитување“ уште 14 дена“, напиша Кира Јармиш на платформата Х.

По минатонеделната објава на руските власти за смртта на Алексеј Навални (47), неговата мајка и адвокатите отпатуваа во казнената колонија во Сибир, каде беше затворен, за да го преземат телото, но властите досега не им одобрија пристап.

Според затворските власти, Навални починал во петокот за време на дневна прошетка на ниски температури. Неуспешни биле обидите за реанимација.

Активистите за човекови права велат дека Навални е убиен. Сопругата на Навални го смета рускиот претседател Владимир Путин за одговорен за убиството. Неколку западни политичари, меѓу кои и американскиот претседател Џо Бајден, гледаат одговорност за убиството во Кремљ.