Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД дополнително ги зголеми царините за Кина – сега изнесуваат 145 отсто

/

пред 556 дена

Сподели преку :

Производите кои доаѓаат од Кина ќе подлежат на царини од најмалку 145 отсто, појасни Белата куќа.

Царината од 125 долари што претседателот Трамп вчера ја најави како реципрочна, доаѓа како надоврзување на постоечките 20 отсто. Вчера беше нејасно дали тие царини се собираат, за Белата куќа денеска да го потврди тоа, пренесува „Си-Ен-Ен“.

Трамп ја поврза царината од 20 отсто со нелегална имиграција и дотур на фентанил во САД, за што ја обвини Кина дека има улога. Покрај тоа, американскиот претседател ја зголеми царината на стоките од Кина чија вредност е помала од 800 долари на 120 отсто, мерка што ќе стапи на сила од 2 мај.