Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД го зајакнуваат притисокот за дипломатско решение за војната меѓу Израел и Хамас – Блинкен по петти пат на Блискиот Исток по 7 октомври

/

пред 993 дена

Сподели преку :

САД ќе преземат „понатамошни дејствија“, откако изведоа големи воздушни напади во текот на викендот против пара-милициите поддржани од Иран кои напаѓаат американски војници на Блискиот Исток. Со манифестирање на воена моќ и засилен притисок за дипломатско решение, САД се обидуваат да ја ограничат можноста за поширока војна на Блискиот Исток. Со оглед на фокусот на војната на Израел против Хамас, милитантите поддржани од Иран во регионот се посветени на продолжување на нападите против западните интереси, но одговорот од Вашингтон, е енергичен.

Дури и откако коалицијата предводена од САД успешно погоди 36 цели на Хутите во Јемен, официјален Вашингтон не може да исклучи нови напади од пара-милициите поддржани од Иран на Блискиот Исток, предупреди советникот за национална безбедност во емисијата „Ова недела“ на ABC.

„Главна мета на нашите напади беше да се елиминираат способностите и капацитетот на милитантите поддржани од Иран, во Ирак и Сирија кои ги напаѓаат американските сили, но и да се уништат Хутите кои продолжуваат да ги загрозуваат трговските бродови во Црвеното Море. Ќе продолжиме да преземаме акции“, најави Џејк Саливан.

САД го зајакнуваат притисокот за дипломатско решение за војната меѓу Израел и Хамас со најновата, ургентна, петта посета на американскиот државен секретар Антони Блинкен на регионот од 7 окромври.

Во подготовка е ѝ повеќефазен предлог за продолжена пауза во борбите и ослободување на заложниците во замена за палестинските затвореници во Израел. Советникот за национална безбедност Џејк Саливан потврди дека Катар и во Египет, се вклучени во обидот да посредуваат во овој договор, иако ѝ Хамас, според него, мора да биде подготвен да каже „да“ на аранжманот што ќе овозможи заложниците да се вратат дома. Денеска, и во Њујорк се одржува вонредна седница во Советот за безбедност на ОН, каде главна тема ќе бидат американските воздушни удари врз цели на милитантите поддржани од Иран, кои извршија напад врз американска база во Јордан.

Расправата во Советот за безбедност доаѓа откако САД веќе усвоија „повеќе нивоа“ на жесток воен одговор на нападот со беспилотно летало во кој загинаа тројца американски војници во база во Јордан, а повеќе од 40-тина беа повредени, некои посериозно. Ова беше најтешка загуба на американски армиски лица во регионот во последните три години и први американски воени жртви од војната во Газа. САД веќе погодија 85 мети на седум локации во Ирак и Сирија, што претставува значајна ескалација на тензиите со групите поддржани од Иран, кои континуирано ги напаѓаат американските бази низ регионот во знак на протест против израелската војна во Газа.

За ТВ Телма од Вашингтон

Јане Бојаџиевски, Глас на Америка