Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД им дозволи на земјите да купуваат руска нафта

/

пред 207 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави привремено им дозволија на земјите да купуваат руска нафта што веќе е натоварена на бродови на море, со цел да се ублажи економскиот удар од војната меѓу САД, Израел и Иран.

Американскиот министер за финансии Скот Бенсент изјави дека мерката е краткорочна и ќе важи до 11 април, со цел да се стабилизираат глобалните енергетски пазари.

Одлуката доаѓа во момент кога нападите врз бродови и енергетска инфраструктура во Персискиот Залив, како и фактичкото затворање на Ормутскиот теснец, предизвикаа силни потреси на светските пазари.

Цената на нафтата повторно надмина 100 долари за барел, бидејќи низ овој теснец вообичаено поминува околу една петтина од светското снабдување со нафта.

Во обид да се намали притисокот врз пазарот, Меѓународната агенција за енергија најави ослободување на рекордни 400 милиони барели нафта од резервите.

Меѓувреме, неколку азиски земји воведуваат мерки за штедење гориво и ограничување на цените, додека САД најавија дека се подготвуваат и за можност воено да ги придружуваат танкерите што минуваат низ Ормутскиот теснец.