Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД ја стартуваат операцијата „Проект Слобода“-деблокирање на Ормускиот Теснец

/

пред 154 дена

Сподели преку :

Обемна воена оперција под името „Проект Слободна“ денеска стартуваат Соединетите Американски Држави со цел деблокирање на Ормускиот Теснец, соопшти американскиот претседател Доналд Трамп.

Операцијата доаѓа по нови напади врз танкери во близина на Ормускиот Теснец, а Вашингтон наведува дека целта е да се обезбеди безбедно движење на комерцијалните бродови низ еден од најважните светски енергетски коридори.

Веднаш по ова соопштение, Централната команда на американската армија ги објави деталите за мисијата, која вклучува масовна воена поддршка со 15 000 војници, повеќе од 100 авиони, разурнувачи и беспилотни системи.

Мисијата има за цел обнова на слободата на навигација за трговскиот сообраќај низ Теснецот, низ кој вообичаено минува околу една петтина од светската трговија со нафта и гас.