Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД ја запреа испораката на оружје за Израел

/

пред 896 дена

Сподели преку :

Соединетите Американски Држави ја прекинаа испораката на оружје за Израел. Последната пратка со 3.500 проектили од различен калибар е стопирана со одлука на американскиот претседател Џо Бајден, потврди министерот за одбрана Лојд Остин. Како причина се наведува загриженоста на администрацијата во Вашингтон дека властите во Тел Авив ќе наредат целосен напад врз градот Рафа на југот на Појасот Газа, а американското оружје би можело да се користи во густо населенета средина.

Одлуката на Бајден доаѓа во период на засилени воени активности на израелските сили во Рафа и во деликатен период и за него, поради про-палестинските протести во земјата и во пресрет на изборите. Но, и за израелскиот премиер Нетанјаху кој се соочува со голем притисок од роднини на киднапираните заложници кои бараат договор со Хамас за нивно ослободување.

Во Рафа се засолнети над еден милион цивили кои се раселени од останатите делови на енклавата поради израелската копнена и воздушна кампања против Хамас, која дојде по смртоносниот напад на милитантната група врз Израел на 7 октомври.

Сашко Димовски