Непосредно пред патувањето на шефот на Пентагон Лојд Остин во Киев, украински функционер за Еј-би-си њуз тврди дека американските испораки на артилериски гранати со калибар 155 милиметри за Украина се намалени за повеќе од 30 отсто откако почна војната на Израел со Хамас во Појасот Газа.
Станува збор за муниција која ѝ е исклучително важна на Украина во нејзината борба против руските сили, но Соединетите Американски Држави своите залихи, наменети за украинската војска, ги пренасочиле во Израел.
Иако бројни американски функционери последните недели тврдеа дека снабдувањето на Израел со муниција нема да влијае на помошта на Украина, според изворот на Еј би си њуз се случува токму спротивното.
За време на посетата на Остин на Киев, шефот на Пентагон најави нов пакет помош за Украина од 100 милиони долари, во кој е вклучен „неодреден број“ артилериски гранати со споменатиор калибар од 155 милиметри.











