Најмалку 87 морнари загинаа во американски напад со торпедо врз ирански воен брод во екипаж од 180 члена во близина на Шри Ланка, објавија медиумите.
Телата на сите загинати се извлечени од водите додека 32-ца се повредени и моментно се наоѓаат на лекување во Шри Ланка. Спасувачките операции по преживеани сè уште траат.
Американскиот министер за одбрана Пит Хегсет го потврди нападот.
„Бродот е уништен со торпедо. Ова е прв потопен брод со торпедо од Втората светска војна“, рече Хегсет.











