Вчитување реклама ...
Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

САД повлекува авиони, разорувачи и подморници од НАТО

/

пред 131 дена

Сподели преку :

За да изврши поголем притискот врз Еврпа, Вашингтон ги информираше сојузниците дека постепено ќе го намалува бројот на стратешки бомбардери, борбени авиони, беспилотни летала, подморници и воени бродови што се ставени на располагање за потребите на НАТО.

Одлуката била соопштена на затворен состанок на директорите за политики на НАТО, а ја пренел советникот на Пентагон Александар Веле-Грин (Alexander Velez-Green), според двајца дипломати од Алијансата кои сакале да останат анонимни.

Според извештајот на медиумот Politico, овој потег е дел од долгорочната стратегија на американскиот претседател Доналд Трамп за редефинирање на улогата на САД во НАТО и фокусирање на региони како Индо-Пацификот.

Трамп претходно предизвика загриженост кај европските сојузници со најавата за повлекување на 5.000 војници од Германија, што подоцна беше делумно променето и дополнето со прераспределба на сили, вклучително и во Полска.